Конор МекГрегор, една од најголемите ѕвезди во боречките спортови во историјата, беше прогласен за виновен за силување на Никита Ханд, која го пријави уште во 2021. МекГрегор и по пресудата тврди дека не е виновен бидејќи, според него, односот помеѓу него и споменатата жена бил доброволен.
Но, судот пресуди спротивно и МекГрегор му е должен на жртвата да исплати 250 илјади евра. Меѓутоа, ова е само почеток на финансиската штета за овој прославен борец.
Сега, МекГрегор се соочува со нов удар. Тој и жртвата не се појавија на изрекувањето на пресудата од Врховниот суд, кој пресуди дека МекГрегор е должен да плати 1,5 милиони евра судски трошоци на Никита Ханд, откако граѓанскиот суд во Даблин донесе одлука во нејзина корист. Овој износ МекГрегор мора да го исплати на жртвата заедно со 250 илјади евра штета.