Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во дом на Н.З.(40) од с.Бојане, скопско.
При претресот се пронајдени и одземени 53 куршуми, дел од огнено оружје, две рачки од огнено оружје и други предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.