Холандскиот Формула 1 возач Макс Верстапен и неговата партнерка, бразилската манекенка Кели Пике, преку социјалните мрежи објавија дека чекаат дете.
Макс и Кели рано утринава објавија фотографија од нејзиниот труднички стомак на Инстаграм.
-Мини Макс Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни за нашето мало чудо, објави парот, а нивната објава за кратко време надмина милион лајкови.
View this post on Instagram
Ова ќе биде нивно прво дете, а Кели веќе ја има ќерката Пенелопе од врската со поранешниот Ф1 возач Данил Квјат.
Девојката е многу приврзана за Макс, што може да се види за време на нивните јавни настапи, а понекогаш и за време на стримовите на Верстапен.
Кели е ќерка на познатиот Ф1 возач Нелсон Пике.
Верстапен ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1 оваа година.