Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин не планира да патува во Јужна Кореја, изјавија американски претставници за локални медиуми, по неуспешниот обид на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол да изврши воен удар оваа недела.
Еден од официјалните лица, кој сакаше да остане анонимен, рече дека патувањето било планирано, но дека сега е одлучено дека не е вистинското време за тоа.
Патувањето на Остин во Јужна Кореја требаше да дојде во важен геополитички момент во регионот. Изворот рече дека Јужна Кореја била консултирана за промената во плановите за патување.