Легендарната американска скијачка Линдзи Вон по пауза од пет години повторно му се враќа на скијањето. Организаторите на натпреварот од Светскиот куп во Бивер Крик потврдија дека 40-годишната скијачка ќе учествува.
Вон последен пат се натпреваруваше на Светското првенство во 2019 и тогаш објави дека заминува во пензија. Американката во својата кариера освои четири големи Кристални глобуси и има три медали од Олимписките игри.
Натпреварите од Светскиот куп во американскиот зимски скијачки центар „Бивер Крик“ на програмата се на 14 и 15 декември.