Извлекувањето на групите за Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година, беше одржано во „Телемундо центарот“ во Мајами.
Тоа ќе биде 21. издание на „Светското клупско првенство на ФИФА“, но прво со дури 32 клуба од шест конфедерации.
Пред жрепката, клубовите беа поделени во четири групи според квалитетот, а беа поделени во осум групи од по четири клуба. Првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето.
Турнирот започнува на 15 јуни, а финалето е на 13 јули во Њу Џерси. Ќе се игра во 11 американски градови (Пасадена, Ист Радерфорд/Њу Џерси, Шарлот, Филаделфија, Нешвил, Синсинати, Вашингтон, Аталанта, Сиетл, Мајами, Орландо) и на 12 стадиони.
Европа има 12 претставници, шест доаѓаат од Јужна Америка, по четири од Азија, Африка и КОНКАКАФ, еден од Океанија, заедно со домаќинот (Интер Мајами).
За време на жрепката беа применети неколку ограничувања, вклучувајќи го и општиот принцип дека ниту една група не може да содржи повеќе од една екипа од иста конфедерација. Ова важи за сите конфедерации освен за УЕФА која на турнирот ќе ја претставуваат 12 клуба, така што во четири од осумте групи има два европски клуба.
Светското клупско првенство е годишно натпреварување организирано од ФИФА без прекин од 2005 година, по првото издание кое се одржа во 2000 година.
Рекордер е Реал Мадрид со пет титули, Барселона славеше трипати, а Баерн Минхен и бразилски Коринтинас по двапати. Вкупно 12 клуба ја освоија титулата клупски светски шампион, а бранител на титулата е Манчестер Сити.
„Каква емоција е да се биде овде. Фудбалот го обединува светот, ова е историски ден“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се приклучи на преносот со видео порака во која порача дека неговиот пријател Џани ќе приреди одличен турнир и дека се надева дека ќе биде дел од него.
„Фудбалот навистина ги презема Соединетите држави. Ова е многу посебно време за фудбалот во САД, а домаќини на Светското првенство во 2026 година се САД, Канада и Мексико“, рече Трамп, посакувајќи им на сите добро да се забавуваат во Мајами.
Беше претставен и новиот трофеј кој може да се ротира по својата оска.
„Тоа е единствен, култен трофеј. Сакавме да направиме нешто посебно“, изјави Инфантино.
„Тоа ќе биде неверојатно натпреварување“, додаде Бразилецот Роналдо, кој му се придружи на Инфантино на сцената. „Го прашав претседателот зошто не го направи тоа претходно“, рече со насмевка „Ил феномено“.
Жрепката ја предводеше легендата на италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пјеро, а му помагаа Иванка Трамп, италијанската новинарка Дилета Леота, музичката ѕвезда Глорија Естефан, фудбалските легенди Арсен Венгер, Јури Џоркаеф…
„Многу сум возбуден, не само поради италијанските тимови кои се вклучени, поради сите, поради новиот формат, поради новиот трофеј“, изјави Дел Пјеро.
Една од поинтересните групи секако е Ц, во која ќе играат Баерн Минхен, Бока Јуниорс, Бенфика и Окленд Сити.
Бранителот на титулата Манчестер Сити, ќе игра во групата Г заедно со Видад Казабланка, Јувентус и Ал Аин, додека европскиот шампион Реал Мадрид ќе го започне турнирот од групата Х заедно со Пачука, Ал Хилал и РБ Салцбург.
Лионел Меси и Интер Мајами ќе играат во групата А заедно со Палмеирас, Порто и Ал Ахли.
ГРУПИ:
ГРУПА А: Палмерирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)
ГРУПА Б: ПСЖ (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл Саундерс (САД)
ГРУПА Ц: Баерн Минхен (Германија), Окленд Сити (Нов Зеланд), Бока Јуниорс (Аргентин), Бенфика (Португалија)
ГРУПА Д: Фламенго (Бразил), Есперанс де Тунис (Тунис), Челзи (Англија), Клуб Леон (Аргентина)
ГРУПА Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Монтереј (Мексико), Интер (Италија)
ГРУПА Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан (Јужна Кореја), Мамелоди Сандаунс (Јужноафриканска Република)
ГРУПА Г: Манчестер Сити (Англија), Вајдад (Мароко), Ал Аин (Обединетии Арапски Емирати), Јувентус (Италија)
ГРУПА Х: Реал Мадрид (Шпанија), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), РБ Салцбург (Австрија)