Свет

УНИЦЕФ постави цел за собирање средства од 9,9 милијарди долари за 2025 година

УНИЦЕФ постави цел за собирање средства од 9,9 милијарди долари за 2025 година

УНИЦЕФ упати апел за собирање 9,9 милијарди долари за да обезбеди помош следната година за милиони млади луѓе погодени од војни и други кризи ширум светот.

„Скалата на хуманитарните потреби на децата е на историски високо ниво, при што секој ден се погодени повеќе деца“, нагласи во изјавата Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ.

Парите ќе бидат наменети за 109 милиони деца и ќе поддржат пристап до установи за примарната здравствена заштита, услуги за ментално здравје, вода за пиење и образование, проверка на неухранетост и ублажување на родово базирано насилство.

„Гледајќи напред кон 2025 година, проценуваме дека на 213 милиони деца во 146 земји и територии ќе им треба хуманитарна помош во текот на годината – неверојатно висока бројка“, додаде Расел.

Апелот на УНИЦЕФ доаѓа во време кога хуманитарните операции се соочуваат со хронична финансиска криза.

Лани, агенцијата апелираше за 9,3 милијарди долари во својот повик за прибирање средства.
Најголема потреба за средства – од над милијарда долари – е за Авганистан, а потоа следуваат Судан, Демократска Република Конго, палестинските територии и Либан.

To top