Македонија

Бојкот на родители поради префрлање насилен ученик од друго училиште- празни клупи во ООУ „11 Октомври“

Бојкот на родители поради префрлање насилен ученик од друго училиште- празни клупи во ООУ „11 Октомври“

Учениците од прво до четврто одделение од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение.

Родителите на учениците во ова училиште организираа бојкот, а одлуката беше донесена од Советот на родители. Тие посочуваат дека се плашат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Министерството за образование потврдило дека постои препорака од Центарот за социјални работи за префрлање на ученикот во новото училиште.

Родителите најавуваат дека во случај на игнорирање на нивните барања, на бојкотот ќе се приклучат и учениците од петто до осмо одделение.

Курир ќе го пренесува во живо собирот на родители, кој е закажан за во 16 часот.

Најнови вести од Македонија

To top