Светската тениска асоцијација (АТП), ги објави кандидатите за овогодинешните награди кои ќе им припаднат на најдобрите тенисери и тренери.
На листата кај играчите нема премногу изненадувања и прв фаворит е Новак Ѓоковиќ, но се очекува далеку поголема неизвесност во конкуренцијата кај тренерите.
Српскиот ас имаше феноменална сезона и сосема заслужено е на врвот на оваа листа, а зад него следи Шпанецот Карлос Алкараз, кој доживеа неколку неочекувани порази, но сепак, имаше блескава сезона и успеа да триумфира на Вимблдон, а воедно беше и единствениот кој барем накратко го „симна“ Ѓоковиќ од светскиот трон.
Во конкуренција кај тренерите, прв фаворит е Горан Иванишевиќ (тренер на Ѓоковиќ), а зад него е Хуан Карлос Фереро, кој работи со Карлос Алкараз. Тука се уште Дарен Кејхил и Сомоне Вајнози, кои се тренери на Јаник Синер, како и првиот тренер на Хурберт Хуркач, Крег Бојнтон.
Во оваа конкуренција се најде и Брајан Шелтон, кој е татко и тренер на американската сензација, Бен Шелтон, а во исто време е познат во светот како човекот кој го критикуваше Ѓоковиќ и во неколку наврати јавно го „нападна“ српскиот тенисер.
Официјалното доделување на АТП наградите ќе се случи на почетокот на 2024 година, а дефинитивниот датум се очекува да биде соопштен до средината на декември.