Турскиот тенисер Алтуг Челикбилек колабираше на теренот за време на полуфиналниот меч од од ИТФ турнирот што се одржува во тунискиот град Монастир.
Челикбилек, кој е 451.. на АТП листата, играше против Јанки Ерел, но мечот е прекинат по само еден гем.
Турчинот се струполил на теренот по што му била укажана лекарска помош и е пренесен в болница, а таму е утврдено дека добил мозочен удар.
Медиумите во Турција тврдат дека Челикбилек е „успешно опериран и државата ќе испрати авион по него“.
Челикбилек има 28 години, а во најдобра форма бил во 2021 кога се наоѓал на 154. место на АТП листата.