Преку соопштение се огласи и Судскиот совет на РМ, откако денеска „доденешната“ претседателка Дамева на истиот тој Совет си соопшти дека си дава неотповиклива оставка, иако, мандатот и завршуваше задутре. Во судските кулоари коментираат дека можеше да почека уште само два дена за да и заврши функцијата, но додаваат, така не би можела да настане денешната драма, која со несмалено темпо продолжува со итната седница на советот.
Во соопштението потенцираат дека свикуваат итна седница на ССРМ, на која ќе го костатираат престанокот на функцијата на Дамева (кој требаше да го констатираат задутре), ќе изберат нов претседател на Судскиот совет (кој требаше да го изберат задутре) и две точки за судии и в.д. претседатели во Берово и Кочани. Во прилог е целосното соопштение на ССРМ.
Судскиот совет на Република Македонија ќе одржи седница на ден 02.12.2024 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 507-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 02.12.2024 година, со почеток во 14,00 часот
- Констатирање престанок на функцијата претседател на Судскиот совет на Република С. Македонија, поради неотповиклива оставка;
- Избор на претседател на Судскиот совет на Република С. Македонија;
- Донесување на Одлука за времено упатување на судија за вршење на судиска фунција во Основен суд Берово и
- Донесување на Одлуки за определување на ВД претседатели на Основен суд Берово и Основен суд Кочани.