Се стравува дека повеќе од 50 луѓе загинале по судири меѓу навивачи и стампедо на фудбалски натпревар во југоисточна Гвинеја, соопшти владата, пренесува Скај њуз.
Инцидентот се случи по завршувањето на фудбалски натпревар во Гвинеја, во градот Н’Зокоре, а информациите што пристигнуваат се повеќе од вознемирувачки.
Во оваа африканска земја традиционално се одржува натпреварување наречено „Мамади Думбуја“, а по завршувањето на еден натпревар се случија тешки инциденти.
⚠️🔞 WARNING: GRAPHIC 18+ 🔞⚠️
❗️🇬🇳 – At least 100 people lost their lives in violent clashes between rival fans during a football match in N'zerekore, Guinea.
This tragic event, which occurred at the end of a game, resulted in hundreds of fatalities. Medical sources confirmed… pic.twitter.com/xV3COoViUE
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) December 2, 2024
Досега е потврдено дека во судирите има жртви, а снимките на социјалните мрежи прикажуваат безживотни тела на асфалтот. Според одредени извори, бројот на загинати е најмалку 100.
Судирот започнал во последните минути од натпреварот помеѓу Н’Зокоре и Лабе, кога навивачите се судриле со полицијата. Настанот ескалирал откако двајца играчи на Лабе добиле црвени картони, а еден министер наводно побарал тие да бидат повлечени. Следувал пенал за Лабе, што ги разбеснило навивачите кои почнале да фрлаат камења.
Полицијата одговорила со солзавец, што предизвикало хаос.