Храна и Пијалаци

ПИЛЕШКО ВО КИКИРИКИ СОС: Вкусно јадење со ароматична и зачинета комбинација за вистински гурмани

ПИЛЕШКО ВО КИКИРИКИ СОС: Вкусно јадење со ароматична и зачинета комбинација за вистински гурмани

Ќе ве држи сити долго време, а е вистински рај за непцата.

Состојки:

2 супени лажици маслиново масло
8 парчиња пилешки гради
1 ситно сецкан кромид
3 сецкани чешниња лук
2 сецкани лути пиперки
2 лажички свеж рендан ѓумбир
2 лажички куркума
100 гр путер од кикирики
400 мл кокосово млеко
400 гр сецкани домати од конзерва
сецкан коријандер

Подготовка:

Во тава со загреано маслиново масло пропржете го исецканото пилешко со постојано мешање додека не добие златна боја. Потоа додадете кромид, ѓумбир и бибер и уште една лажица маслиново масло. Пржете една минута и потоа додадете куркума. Извадете го месото и оставете го на страна. Посебно измешајте ги путерот од кикирики, кокосовото млеко и доматите. Додадете ја смесата во тавата во која се вареше печеното месо, па оставете да зоврие со постојано мешање. Додадете коријандер и вратете го месото, промешајте и динстајте половина час, на средна температура.

Послужете топло, со ориз. Посипете со печени кикиритки. Пријатно!

To top