Илон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден за помилување на својот син Хантер, кој е обвинет во две кривични дела.
-Не ме засегаат дрогите, но да се загрозува интегритетот на Соединетите Држави – тоа е неприфатливо, напиша Маск на социјалната мрежа „Икс“
Реакцијата е коментар на објавата на Дејвид Маркус, шеф на криптосекторот на компанијата Meta, кој напиша дека „тврдењето дека причина за помилувањето на Хантер е дека тој е жртва на правна војна, е до невидена мера иронично“.
Претходно, Бајден го помилува својот син, кој беше обвинет за незаконско поседување оружје и прикривање на даноци. Претседателот истакна дека гонењето на неговиот син е поврзано си нивната роднинска врска што политичките противници ја користеле за да вршат притисок врз него.
Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече решението на Бајден пример за злоупотреба и прекршување на правото. Трамп претходно не исклучи дека би можел да го помилува Хантер Бајден во случај да биде повторно избран.