Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во второ читање.