Шпанскиот фудбалски тим Барселона доживеа непријатен пораз на домашен терен од Лас Палмас и сега веќе може да се зборува за криза.
Тренерот Ханси Флик е свесен колку е сериозна ситуацијата. Каталонскиот гигант на последните три натпревари во лигата освои само бод и сега му е загрозено првото место на табелата.
„Секако дека не сме задоволни. Не одигравме добро, а единственото добро е што тимот се бореше до самиот крај. Денес не беше наш ден, а не ги искористивме можностите што ги создадовме во вториот дел“, изјави Флик.
Германецот верува во играчите, но и свесен е дека има проблем.
„Верувам во играчите, но ситуацијата е таква каква што е. Нормално е дека кога играчите се враќаат од повреди не се во најдобра состојба. Но, ни недостасуваше поврзување и треба итно повторно да се поврземе. Мора да работиме како тим и да ги користиме шансите“, рече германскиот тренер.