Денеска, како координатор на Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ , имав чест и задоволство да бидам еден од првите говорници на тридневната обука која што се одржува овој викенд во организација на ВМРО-ДПМНЕ и шведската фондација ,,Јарл Хјалмарсон”, објави на Фејсбук пратеникот, Никола Мицевски.
Ваквите работилници и обуки секогаш претставуваат одлична можност за размена, споделување и стекнување на нови искуства, свежи идеи и конструктивни предлози кои ќе допринесат за подобро и поуспешно справување со актуелните и идните предизвици. Сакам да изразам голема благодарност за континуираната и долгорочната поддршка на пријателите од шведската фондација Jarl Hjalmarson Foundation , која што резултира со одлична и долгогодишна комуникација и соработка со сите партиски структури, тела и органи на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицевски.