Селекторот на Македонија, Кире Лазаров го објави поширокиот список со ракометари на кои ќе смета на подготовките за Европското првенство (ЕП).
На списокот иам 35 ракометари, а посебно внимание привлече 17-годишниот Николас Најденовски, кој има шведски пасош и во минатото играше за младинските категории на Шведска.
Македонија го игра првиот меч на ЕП против Франција на 10 јануари од 18 часот, па потоа против Германија од 20.30 часот на 14 јануари, а последниот меч во групата е закажан против Швајцарија од 18 часот на 16 јануари.