Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека на ден 28.11.2024 поради уличен дефект ф-150мм на ул. Даме Груев бб (пред Министерство за Финансии), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на министерството.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Дел од коловозот ќе биде затворен за сообраќај, потенцираа од претпријатието.