Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата.
Централениот одбор на СДСМ беше избран викендот на Конгрес, а лидерот на партијата Венко Филипче најави дека до крајот на неделава ќе биде избрано и целото ново раководство.
– Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, изјави по конгресот лидерот на СДСМ Венко Филипче
На Конгресот за нова заменик претседателка на СДСМ е избрана Фани Каранфилова Пановска.