Македонија

Стојаноски: Владата со новиот буџет ќе инвестира во автопатската мрежа, за разлика од претходната власт која остави испокраден буџет

Стојаноски: Владата со новиот буџет ќе инвестира во автопатската мрежа, за разлика од претходната власт која остави испокраден буџет

На денешната собраниска Kомисија за финансирање и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека е за поздравување тоа што на ова расправа за прв пат има владејачко мнозинство коешто не бега од дебата, но покрај ова тој ја образложи и наследената катастрофална состојба на буџетот од претходната власт.

„Ова е прво владино мнозинство коешто не бега од дебата за амандмани во буџет, покрај другото и да ве гледа народ дека ништо не сте научиле од лекцијата и со таа ароганција, со тоа лажење со таа замена на тези, но за среќа постојат тука луѓе коишто ги разбираат работите. За тоа што го кажавте за проектите ќе биде 136 милиони евра од наредната година кога ние можеме вака да планираме буџет, зошто сега е 50 милиони евра, затоа што буџетот кога дојдовме на власт беше испокраден, 71% од дефицитот беше исполнет, требаше да исплатиме четири или пет плати на две, три институции, немаше 5 милијарди денари да обезбедиме за уште една пензија“, вели Стојаноски.

Тој ги наведе и институциите коишто тонеле во долгови, а за кои оваа власт нашла решение за да имаат можност тие претпријатија да ги сервисираат основните услуги и обврски кон граѓаните, исто така тој посочи дека до година ќе има инвестиции во автопатската мрежа односно ќе се работи на повеќе точки за изведување на автопатските делници.

„Македонски железници беа 5 милијарди во долг, Министерството за образование беше 5 милијарди во долг, ЕСМ беше 5 милијарди во долг ,и сите тие така беа во долгови ,затоа не можевме да смогнеме сили да направиме 136 милиони евра од аспект на осумстотини точки. Во еден момент во државата ќе почне со реализација над осумстотини точки само по основ на овие средства а тука да не ги бројам автопатите, ете да најавам до година во оваа држава ќе се работи на пет точки од еднаш во изведување на автопатски делници“, рече Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top