Веројатно навистина треба доста храброст (или лудост) да одиш против волјата на својот народ, да го обезличиш и да го срозиш неговиот идентитет, да го ограбиш и притоа да се продаваш себеси како некој голем херој.
Нели, за себе сакаат да велат дека тие носеле „храбри одлуки“ и жртвувале кариери и веројатно потоа си ги бришат солзите кои си ги леат додека си ги читаат таквите бљувотини за себеопената храброст со доларчиња додека си ги ладат ташаците по Дубаи, а утехата колку се несфатени жртви ја натопуваат со севдалинките на Харисџинович.
„Храбар и решителен”, биле карактеристиките со кои поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го опишала овој пиљар. Да, храбро и решително тргна против македонските интереси. И патем, кога е таа во прашање, храбро и решително зборуваа заедно дека после промената на името Европа е наша. И храбро и решително беше излажан игнорираниот македонски народ.
Затоа и правилно велат дека границата меѓу храброста и будалаштината е тенка.
Односно лесно е да убедиш една будала дека е храбар ако те послуша за се што ќе му кажеш.
За жал, Македонија е жртва на опасен политички авантуризам кој во историјата ќе остане запишан како период на големи порази, национално обезличување и продажба на најсветите македонски интереси.
Историјата, фала Богу, не е ќорава. И таа нема да му прости на оној што го стави личниот интерес пред националниот, а народот… како што знаеме, сигурно нема да заборави.