Останати спортови

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1.

Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.

Во полуфиналната борба со доминација Македонецот го елиминираше Бицер од Турција, борец од светска класа кој во минатото знаеше да му нанесе проблем на Георгиевски.

Нашиот натпреварувач на овој Светски куп во БиХ беше предводен од помошник селекторот Стефан Костовски.

To top