Ракометарите на Вардар со победа го завршија настапот во групната фаза од Лига Европа.
На домашен терен скопските „црвено-црни“ го совладаа тимот на Мелсунген со резултат 32:30.
Најефикасен во редовите на македонскиот клуб беше Ларс Коиј со осум голови, а придонес во триумфот имаше и голманот Мигуел Еспиња имаше 15 одбрани.
Во редовите на германската екипа блескаше И. Баруфет со 10 погодоци.
На конечната табела во групата Ф Мелсунген го освои првото место со 10 бодови, пред Порто со седум, Вардар заврши на третата позиција со пет, а последен Валур со два.