Скопје ЈСП

Делегацијата на ЕУ денеска ќе донира шест нови автобуси на ЈСП

Станува збор за дел од програмата „ЕУ за чист воздух“, а ќе се користат за подобрување на јавниот превоз во главниот град но и во Битола, Куманово и Тетово.

Делегацијата на ЕУ денеска ќе донира шест нови автобуси на ЈСП

Делегацијата на ЕУ денеска ќе му предаде шест нови еколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје. Станува збор за дел од програмата „ЕУ за чист воздух“, а ќе се користат за подобрување на јавниот превоз во главниот град но и во Битола, Куманово и Тетово.

Новите автобуси работат на компримиран природен гас и ги исполнуваат стандардите за еколошка ефикасност, со што ќе помогнат во намалувањето на CO2 емисиите и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Донацијата на автобусите предизвика политички тензии, со обвинувања меѓу Владата и Градот Скопје за тоа кој треба да ја преземе заслугата за проектот. И покрај тоа, од Европската Унија потврдуваат дека автобусите се обезбедени во рамките на програмата која ја имплементира Град Скопје.

Во свеченото примопредавање ќе учествуваат градоначалничката Данела Арсовска но и министерот за животна средина Изет Меџити.

До крајот на годинава пак ќе биде распише тендер за набавка на стотина електрични автобуси кои ќе бидат дадени на располагање на Град Скопје но и на други градови во земјава кои имаат организиран јавен превоз.

To top