Република приградската населба

Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од Глишиќ кон Марена

Интензивно се работи на новата велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена во должина од 854 метри, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од Глишиќ кон Марена

Општина Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од приградската населба Глишиќ кон село Марена, излегувајќи во пресрет на велосипедистите и сите љубители на пешачењето, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Интензивно се работи на новата велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена во должина од 854 метри. Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека Локална самоуправа Кавадарци подеднакво води грижа за сите жители на кавадаречка територија и излегува во пресрет на нивните желби и потреби.

To top