Македонија ССК

Бизнисменот Ѓорѓиевски за КУРИР: Со владината мерка ќе им се помогне на компаниите да закрепнат, да се прилагодат и да ги искористат новите можности за раст

Ѓорѓиевски оценува дека ова е значаен пристап за зајакнување на приватниот сектор, но и за севкупната отпорност на нашата економија.

Бизнисменот Ѓорѓиевски за КУРИР: Со владината мерка ќе им се помогне на компаниите да закрепнат, да се прилагодат и да ги искористат новите можности за раст

„Иницијативата на Владата да обезбеди финансирање од Унгарија и преку партнерство со домашните банки да им понуди на бизнисите кредитни линии со исклучително ниска стапка од 1,95% доаѓа во критичен момент за фирмите и економијата“.

Ова во изјава за КУРИР го оценува Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

-По повеќекратните економски кризи коишто го дефинираа почетокот на оваа декада – од глобалната пандемија до прекините на синџирот на снабдување, енергетските шокови и инфлаторните притисоци, оваа мерка обезбедува многу неопходни средства за бизнисите. Со обезбедување пристап до евтини финансии, ќе им се помогне на компаниите да закрепнат, да се прилагодат и да ги искористат новите можности за раст и покрај тековните предизвици, вели тој за КУРИР.

Ѓорѓиевски, кој е познат како сопственик на познатиот „Специјал“, компанија со околу 250 вработени,  оценува дека ова е значаен пристап за зајакнување на приватниот сектор, но и за севкупната отпорност на нашата економија.

Најнови вести од Македонија

To top