Македонија МСПДМ

Велковски: Ќе продолжам да работам на враќање на довербата во институциите

Свесен сум дека жените во Македонија често се соочуваат со двојна маргинализација – како жртви на насилнички релации и како жртви на општествените услови кои го поттикнуваат циклусот на насилство. Тоа мора да се промени, објави Велковски.

Велковски: Ќе продолжам да работам на враќање на довербата во институциите

-На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, 25 Ноември, како заменик министер, имав чест да се обратам пред Собраниската комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените. Ја потврдив мојата силна заложба за изградба на општество без страв, дискриминација и насилство врз жените, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

„Насилството врз жените е кршење на основните човекови права. Зад секоја статистика стојат жени и девојки чие достоинство е нарушено, и затоа не смееме да молчиме или да го игнорираме овој проблем.

Свесен сум дека жените во Македонија често се соочуваат со двојна маргинализација – како жртви на насилнички релации и како жртви на општествените услови кои го поттикнуваат циклусот на насилство. Тоа мора да се промени!

Пред Комисијата потенцирав дека е клучно да обезбедиме еднаков пристап до поддршка за сите жени, независно од нивната социјална, економска или географска положба. Во наредниот период, ќе продолжам да се залагам за проширување на мрежата на специјализирани сервиси за жени жртви на насилство и за имплементација на Националната стратегија за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство“, потенцираше во објавата Векловски.

-Нашата борба против насилството врз жените е заедничка и бара обединети напори. Ќе продолжам да работам на враќање на довербата во институциите и на обезбедување на безбедност и сигурност за секоја жена во нашата држава, стои во објавата на Велковски.

Најнови вести од Македонија

To top