Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, на 25 ноември 2024 година ќе оствари еднодневна официјална посета на Република Косово.
Гаши ја предводи Делегацијата од Собранието во чиј состав се пратениците: Имрлије Салиу-Фетаи, претседателка на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Косово и Тони Јаревски, член на Групата.
Програмата за официјалната посета на Република Косово предвидува средби на претседателот Гаши и Делегацијата со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца; претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти; Групата за соработка на Собранието на Република Косово и Собранието на Република Македонија; како и средби со лидерите на политичките партии претставени во Собранието на Република Косово.