„Нашите војници дејствуваат компетентно и одлучно, заземаат поповолна позиција и ги прошируваат своите зони на контрола во сите правци“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додека неговите војници ги интензивираат нападите на источниот фронт.
Тој, исто така најави дека Русија следната година ќе одржи поморски вежби наречени Океан-2024.