Притоа, Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка во која беа опфатени случувањата од последната дискусија на оваа тема во декември 2021 година, вклучувајчи го временскиот период кога за првпат беше избран на оваа позиција.
До денес, повеќе од две третини од земјите (144) ширум светот ја укинале смртната казна со закон или повеќе не ја применуваат, додека 55 земји продолжуваат да ја користат, рече Николоски.
Тој забележа дека одреден напредок кон укинување на смртната казна е забележан во последните месеци во светот, но сè уште е нецелосен. Смртната казна е сурова, нечовечка и понижувачка казна која е спротивна на Европската конвенција за човекови права. Нејзината забрана е основен принцип на Советот на Европа.
Николовски истакна дека Парламентарното Собрание на Советот на Европа треба да игра улога преку споделување на својата експертиза и практика за укинување на смртната казна со другите делови на светот. Ние, подвлече Николоски, треба да продолжиме со нашите напори за целосно да ја искорениме смртната казна од нашиот континент.
По неговиот реизбор за генерален известувач, Николоски истакна дека ќе продолжи да ги следи случувањата во земјите споменати во информативната белешка и ќе ги осудува новите егзекуции и новите смртни пресуди.
На крај, Николоски побара да се декласифицира неговата информативна белешка за да ја направи достапна за јавноста, како и да организира расправа со експерти на идниот состанок на Комисијата. Сослушувањето ќе биде фокусирано на земјите набљудувачи (Јапонија, САД) и темата за условите на притвор на осудените на смрт.
Комисијата изврши одделни интервјуа и со тројцата кандидати – Мајкл О Флаерти од Ирска, Манфред Новак од Австрија и Меглена Кунева од Бугарија, за функцијата комесар за човекови права на Советот на Европа.
Во рамките на седницата на Комисијата, се дискутираше и за Процесите на репарација и помирување за надминување на минатите конфликти и изградба на заедничка мирна иднина – прашање на правична и еднаква штета и за Спротиставување на стратешките тужби против учеството на јавноста (СЛАПП), како манипулација на судскиот систем, со што се поткопува неговата вродена заштитна улога со негова злоупотреба.
Имаше и сослушување на Евгенија Кара-Мурза, сопруга на опозицискиот руски активист и координатор за застапување и Бил Бровдер, шеф на Кампањата за правда на Сергеј Магнитски, од Обединето Кралствоза, во врска со санкциите за лицата на „Кара-Мурза листата“.