На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
На 21.11.2024 во 19.10 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2024 во 19.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Г.(28) од с. Долно Строгомиште, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.11.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.П.(22) од Пробиштип, со престој во Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.