Македонија Мајстори за меѓуетнички рчки

Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола

Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето.

Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.

„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос…Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.

Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

Најнови вести од Македонија

To top