Скопје

Mолк во ЈСП – директорот бега од камерата на Алфа

Mолк во ЈСП – директорот бега од камерата на Алфа

Молк во ЈСП. Драги Кушевски, последниот во низата назначени директори во градското сообраќајно претпријатие и денеска не сакаше да се појави пред камерата на Алфа и да одговори како планира да го реши колапсот превозот. На портирница ни рекоа дека бил на работното место, но дека не можеме да се видиме со него.

Дозволено ни беше снимање само однадвор. Оттаму можеше да се види дека во кругот на базата на ЈСП има десетици паркирани автобуси.

„Наместо на улица во сообраќај и ова утро автобусите ги најдовме паркирани во гаражите на ЈСП. Само некои од нив беа пуштени во сообраќај и тоа со последните литри гориво“.

Додека раководството молчи, од синдкатот на ЈСП за Алфа велат дека револтот е голем, и дека состојбата е алармантна подолг период. Автобуси нема и нема да има ни во наредните денови. Возат само оние на метан, но тие се премалку за да ги услужат сите граѓани во метрополата. Се жалат и дека поради немањето нафта, не ги викаат на работа и им ги кратат дневниците. Побараа оставка од Арсовска.

„Moментално состојбата е катастрофална во ЈСП, значи нема автобуси никако. На тие што се втора смена на работа, им велат да не доаѓаат на работа, затоа што нема автобус, ама ако случајно не одат на работа, нема да му пишат дневница денеска“, вели Меџит Идризи од синдикатот на ЈСП.

И приватниците велат дека не можат повеќе да возат заради долгот кој го имм ЈСП кон нив. Во наредните денови ќе возат редуцирано од 17 до 23 часот.

„Подолго време имаме проблеми со исплатата на средствата, значи и летоска не работевме неколку месеци, односно возевме редуцирано, значи работевме со загуба свесно. Е поради тоа возиме трета смена, работни денови, додека сабота и недела од сабајле до 12 часот“, рече Хисен Халили, приватен превозник.

Арсовска на градоначалничката функција во 2021 година дојде со ветување за бесплатен превоз за сите, но наместо тоа, скопјани останааа без никаков јавен превоз.

Поврзани теми

To top