Италијанските тенисерки го освоија Били Џин Кинг купот, откако во финалето со 2:0 ја победија Словачка.
Во првиот меч Лусија Бронсети ја совлада Викторија Хрунчакова со 6:2, 6:4, а во вториот Јасмин Паолини ја совлада Ребека Шрамкова со 6:2, 6:1.
Паолини, четвртата тенисерка во светот, по еден час и шест минути стигна до победата над 43. рангираната Шрамкова.
Таа оствари убедлива победа, откако направи брејк во шестиот и осмиот гем од првиот сет и во вториот, четвртиот и шестиот гем од вториот сет. Италијанките стигнаа до петтиот трофеј во Били Џин Кинг купот.