Македонија македонија

Пренџов: Македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ, реципроцитетот значи и Македонците и Бугарите да се победници во овој процес

Пренџов дополни дека претходната власт на СДС кога оделе во Брисел прифаќале секакви понуди, без истите да ги разгледаат и најважното да го слушнат мислењето на граѓаните. Напомена дека сепак гласот на граѓаните е најважен и дека нивните убедувања сепак не поминале кај македонската јавност.

Пренџов: Македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ, реципроцитетот значи и Македонците и Бугарите да се победници во овој процес

„Претходната Влада носеше одлуки, погрешни одлуки и тие сега треба да ги исправиме. Треба да сте чесни и да го признаете тоа. Ние во Брисел не одиме таму да се инаетиме, туку да им покажеме на луѓето како имаме вин- вин ситуација која вие ниту сте ја предлагале ниту сте ја барале“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде се водеше дебата за начинот на преговарање кој го води актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов дополни дека претходната власт на СДС кога оделе во Брисел прифаќале секакви понуди, без истите да ги разгледаат и најважното да го слушнат мислењето на граѓаните. Напомена дека сепак гласот на граѓаните е најважен и дека нивните убедувања сепак не поминале кај македонската јавност.

„Вие кога сте оделе во Брисел сте викале нема проблем ќе го прифатиме ова имаме начин. Како со Преспанскиот договор, сте велеле нема да ни е прв пат, со пратениците ние ова ќе го поминеме и луѓето мислеле дека тоа ќе се заврши, но видовте дека тоа не помина“, дециден беше Пренџов.

Пренџов истакна дека граѓаните одлучиле за што се. Исто така додаде дека за развој на европската иднина на Македонија потребно е да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно истакна дека потребен е реципроцитет во овој процес, односно и двете страни заслужуваат да ги уживаат придобивките. Дополнително додаде дека македонските граѓани заслужуваат да се дел од ЕУ- семејството и дека не треба воопшто да се води дискусија за македонскиот идентитет, затоа што граѓаните го чувствуваат притисокот.

„Граѓаните одлучија за што се. И затоа сметам дека вие треба да го поддржите предлогот, да покажеме дека сме држава која учи од грешките, да се откажете од политиките на Заев и сите заедно во Собрание да кажеме ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нашите граѓани го заслужуваат тоа одамна, нашите граѓани дадоа многу повеќе од било кој во самиот процес на евроинтеграција и ние сметаме исто како и мнозинството дека ова е единствено решение во кое ќе има вин-вин ситуација. И ние сме членка на ЕУ и тие се во македонскиот Устав. Се друго сметам дека нема да биде во интерес на македонскиот идентитет“, заклучи Пренџов.

To top