Свет Австрија

Шаленберг: Народот на Украина заслужува мир, но не наметнат и не диктиран од други

Тој нагласи дека заедничка цел треба да биде сеопфатен, праведен и траен мир заснован на меѓународното право, а за да се постигне тоа треба да се создаде силна меѓународна коалиција. 

Шаленберг: Народот на Украина заслужува мир, но не наметнат и не диктиран од други

Министерот за надворешни работи на Австрија денеска изјави дека народот на Украина заслужува мир, но не наметнат или диктиран од други и дека самите Украинци мора да одлучат кога, како и каде да ги започнат преговорите.

„Сакаме тоа веднаш да заврши. И како и секоја војна во историјата, ќе заврши на преговарачка маса. Народот на Украина заслужува мир, но не и наметнат мир. Не мир диктиран од другите“, рече Шаленберг денеска на заедничкиот прес- конференција со неговиот украински колега Андрије Сибих.

Тој посочи дека украинскиот народ покажа храброст, илјада и еден ден ја бранеше својата земја, суверенитетот и територијалниот интегритет, а „за тоа е потребно нашето почитување и нашата поддршка“, пренесува украински Интерфакс.

„А украинскиот народ е тој што мора да одлучи кога, како и каде да ги започне преговорите. Без Украина не може да има преговори за Украина. За мене ова е основно правило и ние мора да се придржуваме до него“, рече шефот на австриската дипломатија.

Тој нагласи дека заедничка цел треба да биде сеопфатен, праведен и траен мир заснован на меѓународното право, а за да се постигне тоа треба да се создаде силна меѓународна коалиција.  (МИА)

To top