Македонија НОВИ ИСКАЗИ за убиството на Вања и Панче

Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо

Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо

Продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предложен од обвинителството, прв сведочеше Ерол Османи, кој го познава Љупчо Палевски- Палчо речиси 25 години.

Сведочеше за нивната комуникација и средби, вклучувајќи детали за возилото и неговите активности на деновите поврзани со случајот, пренесува ТВ 21 од терен.

-Му помагав на Палчо во издавањето на весникот „Глобал“. Бев повикан од уредници да помогнам бидејќи не одеше како што треба, а јас имам познавања од мрежи и компјутери, изјави Османи, опишувајќи го нивниот професионален однос од минатото.

На прашање од обвинителството за средбата на 28 ноември 2023 година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил посетата заради настинка.

-Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на 27-ми, посочи Османи и додаде дека Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември со бело возило.

„Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав вдлабнатина на возачката врата“.

На прашањето од јавниот обвинител дали Палчо некогаш доаѓал со оружје, Османи одговори: Не.

Османи исто така истакна дека нивната комуникација обично се одвивала преку телефон или Фејсбук- Месинџер, бидејќи Палчо често не одговарал на телефонските повици.

Во своето сведочење, Османи ги спомена и здравствените проблеми на Палчо, истакнувајќи дека знаел за неговите проблеми со кичмата.

„Знам дека имаше последните две години проблем со кичмата, но не ми спомена дека планира патување и лекување,“ рече Османи.

Најнови вести од Македонија

To top