Историски одлуки на Владата на Република Македонија која со дела покажува дека следат низа реформи во здравствениот систем. Јавното здравство кое беше целосно девалвирано, добива сосема поинаква слика, најпрво со укинувањето на економските директори која се покажа како правилна одлука на Владата да се скратат непродуктивните трошоци и да се пренаменат средства кадешто е најпотребно, во подобрување на здравствените услуги.
Доктор Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје, е одличен познавач на состојбите во македонското здравство. Поради неговото искуство и голема компетенција и професионалност, КУРИР од него побара коментар за завчера постигнатиот историски договор меѓу Владата и здравствените синдикати.
-Се поставуваат принципи што ги надминуваат партискитете интереси и со овој концепт значително ќе се подобри руинираниот здравствен систем во државата. Одговорноста во менаџирањето на институциите како и законитоста на работењето е пред голем тест, мора да се работи во интерес на граѓаните, да се менува од темел. За голем поздрав е Предлог-Буџетот за 2025 година каде се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за 2024 година. Дополнително се започнува со зголемување на платите на здраствените работници почнувајчи од ноемвриската плата. До крајот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите на здравствените работници ќе се зголемат за над 40%. Овие реформи ќе донесат промени во здравствениот систем, повисоки плати за здравствените работници, набавка на медицинска опрема, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи, вели Зафировски за КУРИР.
Докторот оценува дека тоа е она што е навистина потребно и од каде мора да се почне од почеток бидејќи, како што вели, куќа се гради од темел.
На клиниката со која раководи, се работи во полна пареа
-Клиниката за пулмологија со која раководам веќе шест месеци ја подобрува својата ефикасност, активно се вклучуваме во најновите третмани и технологии преку кои ќе ги подобриме идните потреби на пациентите со пулмонални заболувања. Во периодот што следи најавувам многу нови проекти, вложување во современа опрема, нови оддели и размена на искуства со европски еминентни доктори од оваа област. Од големо значење и дополнителна мотивација е финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи и признавање на нивната посветеност, труд и професионализам. Во мојот оддел работат стручни здравствени работници, медицински сестри, кои навистина заслужуваат респект и достоинствен пристап од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Време е да почне да се гради здравствен систем што ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните, посочува докторот во изјава за КУРИР.