Македонија Здравство

Медицинските сестри задоволни од историскиот договор постигнат во Владата, ексклузивно за КУРИР се огласи Бешлиовска

Ние никогаш не велевме дека не сакаме докторите да имаат повисоки плати, нека имаат, но соодносот да биде рамноправен, рече Бешлиовска.

Медицинските сестри задоволни од историскиот договор постигнат во Владата, ексклузивно за КУРИР се огласи Бешлиовска

Зголемување од 10 отсто на паричната маса наменета за покачување на платите во здравството е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност на средбата меѓу Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар – Скопје и Владата.

Порастот на платите ќе почне да се применува од ноември, за што работна група со претставници од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување ќе работи на усогласување на анексот. Задоволни се синдикатите, но што е многу важно, задоволни се и медицинските сестри.

Ексклузивно за КУРИР говореше Гордана Бешлиовска, претседателката на Унија на здруженија на медицински сестри предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас.“

-Ова е нешто кое Унијата на медицински сестри со години го бара и зборува, дека мораше поместување на коефициентите да се направи, посебно кај сестрите со средна стручна спрема, па и на сите сестри линеарно во целокупниот здравствен систем. Сосема е во ред одлуката затоа што ова е еден од начините и методите со кои би се супримирал одливот и незадоволството на некој начин би се ублажило, рече таа.

Таа вели дека медицинските сестри имаат и други проблеми, но покачувањето на платите ќе го реши големото незадоволство од личните доходи.

-До сега имавме ситуација во која сестрите со средна стручна спрема беа далеку под нивоата на платите на сестрите со високо образование и специјалистички студии, а да не зборувам за докторите. Многу пати искачавме со податоци и сме кажувале дека ако колективниот договор предвидува регулатива во која не смее исплатата да биде поголема во сооднос 1:2 на медицинските сестри и на лекарите, кај нас имавме ситуација во која тој сооднос е 1:4. Ние никогаш не велевме дека не сакаме докторите да имаат повисоки плати, нека имаат, но соодносот да биде рамноправен, рече Бешлиовска.

-Кај сестрите со средна стручна спрема ќе имаме во овој момент 15 % покачување, кај  сестрите со високо образование 8-10%, а кај докторите 3-5%, во март ќе биде тоа дополнето со 7 % покачување. Коефициентите и бројките ги оставаме на синдикатите, рече Бешлиовска.

Најнови вести од Македонија

To top