Македонија

Лукаревска одржа прес, но не кажа дали 7 години била директор на УЈП со фалсификуван Кембриџ сертификат

Лукаревска одржа прес, но не кажа дали 7 години била директор на УЈП со фалсификуван Кембриџ сертификат

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа прес-конференција, но притоа не кажа дали се точни наводите изнесени во медиумите дека била функционер со фалсификуван Кембриџ сертификат.

Затоа, пак, упати партиски критики до власта за буџетот.

„Првиот предлог Буџет за 2025 година на актуелната власт на ДПМНЕ е расипнички, недомаќински и наместо за граѓаните направен е само за задоволување на власта. Буџетот е тежок 6,5 милијарди евра, толку планира власта да земе од граѓаните и да потроши. Но, наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за дури 75%. За купување мебел власта предвидува 5 пати повеќе пари во исто време кога ги зголемува глобите и административните такси за нови 11 милиони евра. Владата предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги крати капиталните расходи во клучни сектори како образованието и здравството“, рече денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Според неа, „парите за чист воздух, намалени за дури 51% а парите за заштитна на животна средина за 25%. Тоа значи дека актуелната власт нема намера да преземе ништо додека граѓаните се гушат. Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%. Намалени се и парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени“.

 

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи со фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик добиен во соседна Бугарија. – пренесе на 01.11.2024 Радио Лидер.

Согласно законските одредби за да бидете директор на УЈП треба да имате меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години. Законодавецот предвидува дека треба да имате еден од овие 6 сертификати:

  1. ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода
  2. ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода
  3. ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 ниво,
  4. ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
  5. БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
  6. АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)

Во својата апликација до владата, Сања Лукаревска навела дека го поседува четвртиот сертигфикат од листата, тоа е ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First), но документот кој го доставила до владата не кореспондира со изгледот на овој сертификат кој го имаат полагано и добиено во Скопје вработени во Радио Лидер.

Редакцијата на Лидер од извор во владата стигна до сертификатот кој поранешната директорка го доставила до таму и истиот до ден денешен се чува во архивот.

Сертификатот е издаден од Advance, извесен едукативен центар за јазици од Софија Бугарија на 31.01.2018 и на него пишува дека таа била на тестирање за Cambridge English First B2 во овој едукативен центар. На документот со пенкало е напишан бројот на сертификат и нејзиниот личен број.

Краткиот преглед на документот остава сомнеж дека ова е обид да се прикаже сертификатот на Кембриџ, иако дури и на самиот документ од едукативниот центар од Бугарија само потврдуваат дека Лукаревска присуствувала на тестирање, но не и дека го добила овој сертификат.

На сајтот на Cambridge English може да се најде примерок за тоа како сертификатот навистина треба да изгледа:

Проверката на веб страницата на овој едукативен центар во Бугарија покажува дека истиот врши обуки онлајн и во живо за овој сертификат, но не прави тестирање за истиот. Во исто време, проверката на официјалната страница на Cambridge English First покажува дека во Софија има дури шест центри за тестирање, но, центарот од каде што Сања Лукаревска добила сертификат не е на листата.

Најнови вести од Македонија

To top