Разводот на познатиот фолк пејач Харис Џиновиќ и неговата долгогодишна сопруга, модната дизајнерка Мелина, предизвика бурни реакции на домашната јавна сцена.
Харис сега признава дека е подготвен за нова љубов и дека му треба емотивен партнер.
Пејачот сепак има одредени барања.
– Сега сум слободен човек. Емотивно достапен – изјави неодамна фолкерот, и истакна каква жена сака по Мелина.
– Таа мора да е нормална! Мора да има совест, мора да има толеранција, мора да биде вредна. Љубовта може да биде допир на рака, и кога ќе заврши во кревет… Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став, објасни Харис во изјава за „Прва“.