Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов денеска ќе го означи отпочнувањето на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија.
Како што информираат од Министерството за спорт, ова е еден од капиталните проекти на Министерството за подобрување на спортската инфраструктура.