Кошаркарскиот клуб Барселона во следниот период ќе биде без Чимези Мету, крилниот центар кој се повреди против Париз на Ти-Џеј Шортс во Евролигата.
Како што се стравуваше во Каталонија, се потврдија лошите вести. Мету заработи потешка повреда на медијалниот лигамент и поради тоа го очекува пауза од месец и половина до два.
„Тестовите потврдија дека нашиот играч Чимези Мету доживеа повреда на медијалниот лигамент (МЦЛ) во левото колено и се работи за второстепена повреда. Ќе следат терапии и процес на заздравување, а се верува дека ќе му бидат потребни шест до осум недели за да се врати на терен“, нашишаа од клубот.