Дали Славјанка му удри политичка „ корпа“ на Филипче? Пратеничката и екс министерка, најпозната по тоа што на собир на СДСМ стана кога тогашниот лидер Димитар Ковачевски ја прозва со „Стани Цаци да те види сала!“, сега демантира дека има амбиција повторно „да стане да ја види сала“, т.е. во интервју, барем декларативно, тврди дека нема желба да биде дел од новото раководство на СДСМ, предводено од Филипче.
Очекува ли таа нов „лидер“ под поимот „консолидација“ за да повторно се стави на располагање на раководството на СДСМ?
Мислам дека е премногу рано да се каже дали се редовите консолидирани или јас повеќе би сакала тоа да го покажеме во јавноста, вели Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ во интервју за Радио Слободна Европа.
Прашањето кое логично се поставува е: Дали таа под „консолидација“ чека ново раководство на СДСМ и нов претседател?, за да така, консолидирани со нов лидер, Славјанка повторно се врати во раководството и го даде најдоброто од себе?
„Ова сега е еден период во кој СДСМ е во фаза на избор на ново раководство кое следува по изборот на претседател на партијата.
На 24 ноември се закажани двата конгреса односно продолжувањето на оној конгрес кој започна пред партиските избори и се разбира новиот на кој ќе треба да се верификуваат мандатите на новите делегати меѓутоа и да се пристапи кон избор на целосно ново партиско раководство.
Искрено изминатиот период, овие месеци имам впечаток дека многу повеќе се зборуваше за состојбите во СДСМ отколку за тоа што се случува, дури и од кадровски аспект во Владата и генерално во ВМРО ДПМНЕ.
Меѓутоа тоа веројатно ја прави СДСМ поразлична од партијата на власт односно партија со поголем демократски капацитет и добро е што јавноста има интерес за тоа што се случува во СДСМ и да речеме еве ќе го сфатиме како еден вид на позитивен притисок.
Меѓутоа СДСМ има сериозна обврска, тоа не е само да го заврши изборот на раководството туку да спроведе и внатрешни процеси кои можеби нема толку да бидат од кадровски карактер меѓутоа ќе бидат јас би рекла повеќе од идеолошки поврзани со тоа каде и што понатаму, во иднина ќе правиме“ вели Петровска.
Рековте дека многу се говори за СДСМ, најчесто тоа е дека има раздор дека има поделба во партијата. Како поткрепа на ова можеше да се видат написи и на социјалните мрежи, високи поранешни функционери пишуваа разни написи на социјалните мрежи. Има ли раздор, која е вистината?
Јас мислам дека разните ставови и мислења кои се искажуваат па дури и се соопштуваат на социјални мрежи повеќе им е местото да бидат кажани во форумите внатре во партијата.
Јас го разбирам можеби да речам определен револт или несогласувања на дел од членовите на СДСМ кои тие свои ставови ги искажуваат на социјалните мрежи и мислам дека тоа е еден од предизвиците со кои ќе се соочи новото раководство.
Не да се забрани апсолутно комуникацијата на социјалните мрежи, но мислам дека луѓето кои се незадоволни и кои своето незадоволство го искажуваат на социјалните мрежи дека практично треба да се им се обезбеди форум внатре во партијата.
И впрочем како еден од кандидатите за претседател на СДСМ во моите претставувања пред сопартијците, јас ова го истакнував како еден д важните моменти за кои навистина сметам дека во минатото многу помалку простор му се даваше и дека веројатно под притисок на сето она што како партија тогаш на власт требаше да го направиме, малку повеќе го запоставивме партискиот живот би рекла или партиското дејствување.
Каков е вашиот однос со претседателот на СДСМ Венко Филипче? Ако ги забележиме прес конференциите партиски па и во Собранието изгледа како да отсуствувате од нив, а за разлика од тоа имате свои претставувања самостојни и на страна?
Отсуството не е од сите прес конференции имав две и тие беа оправдани. Последниот пат кога беше за буџетот, бев во исто време дел од собраниската делегација која го одбележуваше 13 Ноември – денот на градот така што не можев во исто време да бидам на две места присутна.
Јас како човек сум конструктивна и знам да ги определам кои се повисоките вредности, кои се повисоките цели и тоа не значи дека го променувам мојот став и моето мислење и можам да кажам дека со претседателот имам комуникација во рамки на таа која што треба да ја имам и како пратеник и како член на СДСМ.
Не сум човек кој сака да прави проблеми меѓутоа мислам дека прашањата за кои сметаме секој еден од нас па вклучувајќи и јас дека се проблематични или би станале проблематични, дека таа е вистинската адреса на која треба да ги адресираме.
Но, што со централниот одбор. И во таа ситуација коментарите беа дека немаше присуство дека претседателот не доби поддршка од голем дел од членството и високо раководните функции?
Раководството е во оставка и целиот централен одбор е во оставка за тоа што тоа беше став на еден од претходните состаноци кои ги имавме додека се уште бевме со полн легитимитет.
Сега ова е таков еден меѓу период и би рекла дека еве јас се радувам што конечно конгресот, би рекла дека дури и порано требаше да организира. Конгресот изборен ќе биде наскоро и тогаш практично партијата ќе добие тела кои би имале полн, целосен легитимитет. Се коментираше.
Јас жалам што дел од новинарите не прашаа за став туку само ја проследија информацијата дека и јас бев отсутна. Да јас бев отсутна со собраниска група во Брисел така што веројатно исто така не можев да присуствувам на две места.
Се враќав доцна, а ако бев тука присутна во државата апсолутно дека ќе учествував. Јас сум учествувала и на централни одбори и на состаноци на партијата кога сум кажувала и различни мислења, меѓутоа не сум чувствувала за потреба тоа да го експлоатирам во јавноста.
Имате ли амбиција сега, да бидете дел од овие високи раководни тела кои ќе бидат избрани на 24 ноември?
Не јас сакам да останам и ќе останам пратеник на СДСМ и ќе се залагам за се она што во рамки на предизборната кампања за Парламентарните избори го пропагирав, се залагав и го претставував пред граѓаните.
Дали Венко Филипче е легитимен претседател на СДСМ за вас со оглед на тоа што вие тогаш се повлековте од трката обвинувајќи на еден начин дека се украдени лични податоци на гласачите?
Јас имав многу забелешки во делот на изборниот процес ги кажав тогаш а мислам дека тие кои беа дел од изборниот процес ја сфатија пораката. Дали тоа ќе се промени во иднина останува да видиме.