Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на престижниот фестивал Златно Славејче, фестивал кој е познат по својата богата традиција и Поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот Народен театар.
Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна Јано мори, емотивната Заветна и химната на љубовта кон Македонија Мојата Македонија.
Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.
Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба Радост на Европа каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски.
Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.
„Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа Златно Славејче, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти- ни изјави професорот Јасмин Брашњиќ.
Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин.
Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија.
Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката.