Македонија

Гаши во работна посета на Европскиот парламент во Брисел

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши, на 18 ноември 2024 г. ќе оствари работна посета на Европскиот парламент во Брисел, при што ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Во рамки на посетата, предвидени се средби и со Томас Вајц, Известител за РС Македонија во ЕП и со Тијс Рутен, известител во сенка од политичката група на социјалдемократите.

Следниот ден, на 19 ноември 2024 г., на иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, организирана е работна посета во седиштето на НАТО на претседателот Гаши и делегација од пратеници, во чиј состав се: Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ; Мерита Колчи-Коџаџику, заменик-координаторка на ВРЕДИ; Арбана Пашоли, заменик-координаторка на ДУИ; Павле Арсоски, претставник од ЗНАМ и Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО. Предвидена е средба со вршителот на должност заменик-генерален секретар на НАТО, Борис Руге и брифинзи со високи официјални претставници на НАТО од Одделот за политички прашања и безбедност и Одделот за јавна дипломатија.

Работните посети на претседателот на овие две важни меѓународни институции се со цел високите официјални претставници на ЕП и НАТО да бидат изворно информирани за актуелните политички и општествени случувања во земјава, во контекст на европската интеграција на земјава и обврските што ни произлегуваат од членството во НАТО. Истовремено, нашата делегација ќе има можност да се запознае и со видувањата и ставовите на своите соговорници за актуелните состојби и идните предизвици на ЕП и НАТО, во контекст на политиката на проширување, очекувањата на земјите кандидати за членство во ЕУ и за погледите на НАТО во светло на тековните безбедносни предизвици во регионот и пошироко.

To top