„Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ е насловена тркалезната маса што ќе се одржи денеска во 10.30 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Модератори се Билјана Ристивска-Јосифовска и Лилјана Гушевска.
Покрај нивните, свои излагања ќе се имаат и Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска, Јасмина Ристовска-Паличкова и Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Aндријана Павлова.