Свет Мобилизација

Ким Јонг-ун ја повика војската да се подготви за војна

Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги довеле тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“.

Ким Јонг-ун ја повика војската да се подготви за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ја повика војската на неговата земја да ги фокусира сите напори на завршување на воените подготовки, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

КЦНА објави дека Ким го опишал Корејскиот полуостров како „најголемото жариште на светот“, во говорот одржан пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг во петокот.

Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги довеле тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“.

„Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори, во саботата објави дека Северна Кореја сега ја поддржува Русија во војната со Украина не само со војници и муниција, туку и со тешка артилерија.

Американскиот Стејт департмент неодамна тврдеше дека илјадници севернокорејски војници активно се борат заедно со руските сили во пограничниот регион во близина на Курск, каде што се ангажирани против украинските трупи.
Зголемената воена соработка меѓу двете земји е зацврстена преку неодамна потпишаниот договор, кој вклучува меѓусебен одбранбен пакт, потсетува ДПА.

Најнови вести од Свет

To top