На 16.11.2024 во 19:30 часот на автопат „Пријателство“, на правецот од Гевгелија кон Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.
Притоа, возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Ирак.
Возилото и мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.